На уредно платен паркинг на обележано место на главна улица во Тетово, службеници ми го блокираат возилото со канџа, а потоа доаѓа и пајак и го носи возилото, објави денеска тетовчанецот Иван Стефановски.

Тој им приложил доказ дека паркингот е платен, но тоа не помогнало:

„И покрај приложување доказ дека паркингот е платен, од страна на локалниот шеф ми беше кажано дека дури не платам, возилото нема да биде одблокирано! Дополнително ми беше кажано дека можам и постапка да поведам заедно со адвокат, се’ ќе било џабе. Не ги разубеди ниту интервенција од страна на службени лица на СВР Тетово кои најуредно извршија увид и ќе подготват службена белешка. Оваа ситуација отвора неколку прашања:
1. Кои се локалните паркинг-шерифи во Тетово за кои не важат правилата кои ги има донесено самата институција?
2. Кој ја штити оваа “легализирана рекет служба”?
3. Дали градоначалничката Теута Арифи е запознаена со оваа пракса?

Пренесете им поздрав на рекетарите: Бумерангот е незгоден реквизит!“, вели Стефановски.