ИВАНОВ ПОВИКА НА ОТПОР: Со прифаќање на францускиот предлог, Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна

/ 02.07.2022

И поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов го кажа својот став за францускиот предлог и повика на отпор. Иванов смета дека македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство, како и дека одбраната на Македонија е единствениот излез.

-Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија, пишува Иванов на Фејсбук.


Од истата категорија