Аљоша ИВАНОСКИ, прилепска болница

Први на скриниг тестирања за Ковид 19 ќе биле вработените од градинките.
Немам ништо против вработените во градинките, НО, нели е пологично ПРВИ за скриниг тестирање да сме ние здравствените работници?
Ние постојано бевме во контакт со заразените пациенти, а воспитувачките седеа дома 60 дена, што значи дека ако ги почитувале мерките тие не се во таа ризична група.
Знам, разбирам дека тие ќе чуваат деца во наредниот период, но сепак мислам дека ПРВИ за скриниг тестови треба да се оние кои кои беа на првата „борбена“ линија против Корона вирусот.
btw само да прашам, ок еве ќе ја тестирате сега некоја воспитувачка и ќе биде негативна. Кој гарантира дека по 1 недела откако ќе бидат олабавени мерките воспитувачката ќе остане негативна? Секој ден ќе ги тестирате воспитувачките?
Ете затоа не требаше попуштање на мерките.
Еден негативен тест на некоја воспитувачка не значи дека истата таа воспитувачкка ќе остане негативна до крај на пандемијата. На вакви попуштени мерки каде се најавува отворање и на кафичите, сигурно некоја од воспитувачките би излегла на кафе со некоја другарка/пријателка, а не знаеме кој се е заразен.
Воспитувачката која (пример) денес ќе биде тестирана и утре ќе биде потврдено дека е негативна, задутре може да излезе со некоја пријателка (која можеби е заразена а не знае) во некоја кафетерија (за кои има најава дека ќе бидат отворени) и така и воспитувачката да биде заразена.
Пак прашувам, планирате секој ден да ги тестирате воспитувачките? Нема смисла…