Избирачките места на парламентарните избори во Јапонија, каде не се очекува промена на власта, беа отворени утрово.

Според последните анкети, владејачката Либерално-демократска партија, заедно со коалицискиот партнер Комејт, најверојатно ќе го бранат мнозинството во Долниот дом на Парламентот.

Како што пренесуваат странските агенции, изборите веројатно нема да ја сменат власта во Јапонија, но ЛДП на новиот партиски лидер Фуми Кишида може да претрпи одредени загуби.

Доколку Кишида не го освои апсолутното мнозинство позиции во партијата, таа може да се разниша.

Многу Јапонци, сепак, не ја гледаат постојната опозиција како алтернатива на ЛДП, која е на власт со децении.

Конзервативната ЛДП има свој лојален електорат.