Денеска во Русија почнаа тридневните избори за Државната Дума, со отворање на гласачки места во Удмуртија и Астрахањската, Самараската, Саратовската и Улјановската област.

Изборите ќе траат од денеска до 20 септември, а ќе се одржат повеќе од 2.200 изборни кампањи на различни нивоа.

Гласачите ќе изберат вкупно 20.700 пратеници и раководители на администрацијата.

Во Саратовската област се отворени 1.610 гласачки места, во Улјановск 909, во Самара 1.728, во Удмуртија 1.107, вклучувајќи 13 привремени, и 555 во Астраханската област, вклучувајќи привремени на бродови.

Електронско гласање од далечина ќе биде организирано во 33 региони, а според најновите податоци од претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, повеќе од четири милиони гласачи планираат да гласаат на тој начин.

Во странство ќе бидат отворени 333 гласачки места во 152 земји.

На изборите за пратеници на деветтото свикување на Државната Дума во федералниот изборен округ учествуваат 10 партии, додека гласачите ќе гласаат и за кандидати во 225 едномандатни изборни единици.