Предупредување за ураган е издадено за американските сојузни држави Конектикат и Њујорк, пред се за Лонг Ајленд, поради можно засилување на тропската бура Хенри до ниво на ураган, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на урагани.

„Метеоролошки услови слични на ураган се очекуваат в недела во делови од Лонг Ајленд и Конектикат за каде е издадено предупредување за ураган“, се вели во соопштението.

Тие соопштија дека ураганот утре може да го погоди и јужниот дел на Масачусетс и Род Ајленд.

Бурата Хенри може да предизвика поплави во североисточниот дел на САД, велат од центарот. Брзината на ветрот во атмосферскиот феномен се зголеми од 18 на 31 метри во секунда. Во моментов, бурата се наоѓа неколку стотини километри југоисточно од Кејп Хатерас (Северна Каролина) и се движи кон северозапад со брзина од приближно 3 метри во секунда.