Министерството за внатрешни работи соопшти дека на  територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола за 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење имало 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13,  санкционирани се 20  мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.