Во Лондон од 11 до 18 ноември ќе се игра завршниот Мастерс турнир на кој ќе учествуваат осум тенисери. Организаторот ги објави составите на двете групи со по четири играчи.

Во групата „Гуга Куертен“ се: Новак Ѓоковиќ – првиот светски рекет и најдобар српски тенисер, Александар Зверев од Германија, Хрватот Марин Чилиќ и Џон Изнер од САД.

Во групата „Лејтон Хјуите“ ќе играат: Роџер Федерер (Швајцарија), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Доминик Тим (Австрија) и Кеј Нишикори (Јапонија).

Двајцата првопласирани од секоја група одат во полуфиналето во полуфиналето.

Минатогодишниот победник Григор Димитров нема да има можност да го брани трофејот.