Весна ЈАНЕВСКА

Предлагам на СДСМ да му се додели Нобелова награда, затоа што успеа да направи клонирање на мозок (види слика).
Предлог законот за измени и дополнување на законот за наставници и стручни соработници го поднесоа во Собрание Владата на СДСМ и ДУИ. Со членови од овој Предлог закон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат. СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со негласање на законот спречува зголемување на платите на наставниците. ЛАГА! Во законот има дел во кој се категоризирани и бодувани сите квалификации, односно работни места во образованието и во кој се вели дека платите се регулираат помеѓу МОН и репрезентативниот синдикат.

За да не го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи покачувањето на платите на наставниците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го отсекоа тој дел од законот, каде што е категоризацијата и каде се вели дека платите се регулираат помеѓу МОН и репрезентативниот синдикат, со што ги исклучи несаканите членови од законот (оние со кои не се согласуваат) и го предложи како посебен закон. Така САДСМ и ДУИ може да го изгласаат овој дел во кој нема сменето ни точка ни запирка од предложениот Предлог закон. Ќе го гласаат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не го гласа тој дел од Предлог законот, што е апсолутен доказ дека не станува збор за покачување на платите туку за протнување на штетни членови од
Предлог законот против кои се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е срамна, брутална манипулација на наставниците и целата јавност.

Од тука ние, Бети, Дафина и јас нема што да се договараме, уште помалку правиме штета (види слика).

Она што ние го зборуваме го кажа и Јаким Неделковски претседател на репрезентативниот синдикат.

Сега јас им порачувам на следбениците на најштетните образовни политики во Македонија под итно да се повлечат и ДА ГО ПОВЛЕЧАТ ОД СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА ШТЕТНИОТ ЗАКОН за да не прават штета на народот кој ги гласал.