Во централниот дневник на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажа дека сметките за струја се високи не затоа што нема јаглен, туку причините се поинакви.

-Пролетта 2021 година јас лично предупредив и понудив пакет што треба да прават од власта. И не треба да имате план преголем туку треба само да знаете да работите и да работите чесно. Еве ќе ви дадам неколку бројки, ако ние произведуваме како што произведувавме пред 7-8 или 9 години електрична енергија, а имаме можности за тоа немаше да додје до ова. Зошто? Затоа што сме произведувале 6.5 – 6.7 терават часови струја сега минатата година добив информација за 2021 година е под 3 терават часови струја, истакна Мицкоски.

Тој додаде таму има многу крадење и затоа Македонија е доведена во оваа ситуација. Има многу недомаќинско работење.

-„Многу крадење. Ако не се крадеше толку и ако се работеше домаќински наместо да се делат провизи за мазути, наместо да се делат договори во четири очи за ископ на јаглен, а никогаш тој јаглен да не се ископа каде што денот трае 35-36 саати наместо 24, или наместо 365 дена во годината има 500 дена, тогаш ќе имавме јаглен и ќе произведувавме толку што е потребно за граѓаните и немаше да го почуствуваме ова, појасни Мицкоски.

Што се однесува до спорот со Бугарија тој истканува:

-Потребни се гранаци од Брисел за јазикот, специфичноста на народот и да се обврзат да не ја блокираат повеќе земјава кон ЕУ. Зашто ќе почнат притисоците, ќе почнат повторно притисоците врз пратениците, ќе почнат притисоците врз луѓето кои што се внатре, ќе почнат девалвирањето на тој парламент итн. И како што е сценарио видено веќе во минатото. И затоа јас велам јас го прифаќам сиот товар врз себе да ги заштитиме тие луѓе кои што се во Парламентот, да го заштитиме нивното достоинство, да ги видиме оние гаранции од Брисел и после можеме да разговараме за секакви договори, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во овој момент и во иднина како што стојат бројките и расположението на граѓаните таков договор каков што планира да го потпише Ковачевски нема да биде успешно поминат во Парламентот.

-И одбивам да бидам прогласен ако не го поддржам тој договор за анти ЕУ. Прво, на маса сакам да видам гаранции бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за мајчиниот мој јазик, македонскиот, да видам гаранции за мојот народ македонскиот дека има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи, и конечно трета една гаранција дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да не попречува да станеме земја членка на ЕУ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди заеднички со власта да седнат на иста маса и да изградат заеднички став во врска со проблемот со Бугарија. Потребно е да се заштити идентитетот на Македонија.