Свовремено, кога на Сашко Кедев не му даваа некој стент, а пациентот веќе беше на операциски стол, за либералното граџанство и неговите политички експоненти не беше проблем тоа што го заебаваат за стентот туку што тоа јавно го кажал. Така и сега во случајот со шарениот Апасиев и екс советник во неуставното СЈО: Не е проблем што Шеќеринска не отишла на Карпалак, туку што овој рекол да оди у пичку матер. Или со други зборови: не е проблем што се запалила куќата, туку што некој викнал „пожар“. Е требало да ги бира зборовите….

И така, освен едно топло „ах“, нема што друго да се каже кога човек ги гледа тие фини изнијансирани душички, љубители на финиот збор. Кога се раѓале, имало плус една сестра која Шекспир им го читала. Излегува главата, гинекологот вика „еве ја, се е како што треба“, а сестрата ја чита „Сонот на летната ноќ“. За тие родени пред 90′ година од минатиот век, по Шекспир задолжително било и читање на Пушкин, а потоа и Тагоре, зашто тогаш бевме во неврзаните.

А Димче кога се раѓал, сестрата на пауза била па немало кој да чита. Е, видиш, затоа сме биле најбедни и најкорумпирани на Балканот со сменето име, без историја… И со 7,4 отсто повисоки сметки кои всушност ни заштедиле 18 отсто зашто Ковачевски и ЕЛЕМ или како веќе се вика компанијата, биле на раб на рентабилноста. Заради Шекспир.

Нормално, либералното граџанство не е секогаш толку строго за неупотреба на фините зборови, на пример, кога Грујо беше премиер, ама тоа се само исклучоци. Инаку се се тоа префинети душички од школата на Марија Антоанета.