Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Кисељак, Босна и Херцеговина.

И покрај тоа што денеска настапи повреден, Јотовски за еден час и 20 минути игра го победи квалификантот Карло Краниќ од Хрватска со 6:1 и 6:3.

Македонскиот тенисер на овој турнир е втор носител.

Фјучерсот во Кисељак се игра за награден фонд од 15 илјади долари.