Арон Ремзи е официјално нов играч на Јувентус.

Поранешниот фудбалер на Арсенал пристигна како слободен агент и потпиша четиригодишен договор. Договорот меѓу него и италијанскиот шампион беше постигнат во февруари, и тој ќе зазема околу 400.000 фунти неделно во Торино.

Јуве пред извесно време потврди дека Ремзи станал дел од клубот и очигледно немал намера да го објави тоа денес, кога неговиот договор влегува во сила. Наместо тоа, „бјанконерите“ го пренесуваат секој чекор на Адриен Рабио, кој денес помина низ лекарски прегледи во Торино и воследниве часови официјално ќе стане играч на „Старата дама“.

Ремзи ги зеде нештата во свои раце и стави слика на социјалните мрежи во дрес на Јувентус со натписот „Официјално“ на италијански. Клубот објави коментар за него: „Ние те чекаме“, но без објавување ништо за неговиот трансфер.

Велшанецот помина 11 години во Арсенал, откако одигра 262 натпревари во Премиер Лигата и постигна 40 гола пред да одлучи да го прифати новиот предизвик и да игра во Италија.