Ненадејната посета на Меланија Трамп на контроверзниот прифатен центар во Тексас беше засенет од изборот на нејзината облека. Американските новинари се изненадени како тоа првата дама не водела грижа за текстот на нејзиниот зелен мантил.

„Мене не ми е гајле, а Вам“? е испишано со големи бели букви на зелено-маслинестиот мантил кој го носеше Меланија.

Текстот е впечатлив зашто во последните години има големи критики за новата политика на Трамп на раздвојување на имигрантските семејства. Но, поради огромен притисок, и како што самиот претседател кажа му било жал да ги гледа децата како плачат, ја повлече одлуката.

„Несреќен избор на облека“, коментира Си-ен-ен. „Не е јасно како во Белата куќа ова го пропуштиле“, коментира Би-би-си.

-Тоа е само мантил. Нема никаква скриена порака, и се надевам дека медиумите нема да внимаваат само на облеката туку и на важноста од посетата – изјави портпарол на Белата куќа.

Но медиумкт се закачија и тука нема спас, иако нејзиниот сопруг, Трамп, на Твитер објасни дека таа порака е за „лажните вести“.