КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Филип и св. Григориј Палама

/ 27.11.2020

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 ноември.

Денеска е Св. апостол Филип и св. Григориј Палама.

Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога.

Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Виргилиј, бискуп во Салцбург.

По потекло е Ирец. Во 743 година го напуштил родниот остров поради љубовта кон Исус и ја започнал патувачката мисија по европските земји. Го ширел Евангелието во Баварската, Корушката, Штаерската област и во Панонија. Виргилиј како културен човек, бил еден од најдобрите учени луѓе. Многу ја познавал математиката, па го нарекувале „геометром”. Посебно му се молат студентите.


Од истата категорија