КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Јаков брат Господов

/ 05.11.2020

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов.

Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак.

Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. Бил епископ во Ерусалим и ја составил првата Литургија.

Евреите го почитувале многу заради неговиот свет живот, па го нарекле Јаков Праведниот. Но, истите Евреи го фрлиле од покривот на храмот, затоа што ја исповедал верата во Христовата божественост. Свети Јаков пострада за Христа во првиот век.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Емерик.

Роден е во Унгарија во почетокот на единаесеттиот век, како син на првиот Унгарски крал Стјепан кој црквата го прогласила за светец. Својот син Емерик кој требало да го наследи кралскиот престол го воспитувал во побожност, моралност и добрина. Емерик како принц имал можност да живее раскошно, но ги прифаќал упатствата на неговиот татко и живеел скромно, развивајќи ги кај себе сите добрини. Кога бил на лов, несреќно загинал во триесеттата година од `ивотот. Поради светиот живот бил прогласен за светец. На Емерик му се молат младите за помош, со цел да ги послушаат постарите и своите старатели.


Од истата категорија