Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 август. Денеска е Св. Емилијан Исповедник.

Во првата половина на деветтиот век свети Емилијан беше епископ во градот Кизик, во времето кога во Византија царуваше иконоборецот Лав Ерменецот. Поради цврстото држење до православното учење за почитувањето на иконите, епископот Емилијан, како и многу православни епископи беше принуден да ја напушти својата катедра и испратен во прогонство.

Во прогонство проживеа уште пет години, трпејќи многу маки и понижувања, и се упокои околу 820 година.

Според Грегоријанскиот календар, католиците денеска го слават Св. Пио Десетти.

Бил роден во 1835 година во Италија. Кога станал свештеник работел со верниците помагајќи им на сиромашните. Бил назначен за бискуп на Мантова, а потоа станал патријарх во Венеција. По смртта на папата Леон Тринаесетти бил избран за папа. Како папа се истакнал со побожен живот и организација, така што 30 години по неговата смрт, црквата го прогласила за светец.

Му се молат свештениците за успех во духовната работа со верниците.