Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 декември.

Денеска е Св. Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т. н. 12 мали старозаветни про¬роци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја.

Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи.

КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Тома Бекет.

Пред да стане бискуп на Англија, бил канцелар на англискиот крал, послушен дворјанин и приврзаник на кралскиот апсолутизам. Откако станал надбискуп во 1162 година, се борел за правата на црквата против кралското мешање во нејзиното подрачје. Тој сметал дека како надбискуп на Англија мора да ги застапува интересите на црквата, а не повисоките интереси на кралот, кој го застапувал додека бил негов канцелар. Затоа, дошло до конфликт меѓу него и кралот Хенри Втори, што придонело Тома Бекет во 1170 година, да го убијат приврзаниците на кралот. Поради тоа, народот многу му се разбеснил на кралот, кој за да го ублажи бесот сам одел на гробот на Тома Бекет и се подвргнал на казната за јавно камшикување.