Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 септември. Денеска е Св. свештеномаченик Автоном.

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија, се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабожци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабожците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.

Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Никола вон Флуе.

Роден е во 1416 година, на планината Флуе во Швајцарија. Живеел пустински живот. Најголема необичност во неговиот живот е тоа што во текот на своите 19 ипол години живеел без храна, освен што се крепел со светата причест. Тој факт историски бил докажан. Тој пост бил испитан и утврден од страна на црковните и граѓанските власти. Луѓето кои доаѓале за совет во пустината каде што тој живеел, почнале да го слават како светец. Свети Никола фон Флуе умрел во 1487 година.