Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 октомври.

Денеска е Св. маченик Терентиј и маченичка Параскева.

Свети Терентиј беше Сириец. Беше женет и имаше седум деца. После многу маки пострада за Христа, заедно со жената и сите свои деца.

Истиов ден Црквата ја прославува и света маченичка Параскева од Иконија. По смртта на родителите, таа го раздаде целиот имот на сиромашните. За време на гонењето од страна на император Диоклецијан беше изведена пред суд.

Пред судот таа отворено изјави дека е христијанка, па заради тоа беше ставена на маки и најпосле погубена.

Католички календар: Денеска е Св. Леон Големиот.

Живеел во петтиот век. Како папа, 21 години управувал со Црквата, во време кога се ширеле лажни науки, ерес и учења на монофизитизмот. Тој е заслужен во попречувањето, водачот на Хуните, Атила, да ја освои Европа. Поради сите заслуги и светиот живот, бил наречен Свети Леон Големиот. Верниците му се молат, за да не скршнат од вистинската вера и за заштита од насилниците.