Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 октомври. Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј.

По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец. Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква. Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт. Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година.

Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Енгелберт.

Роден е во крајот на единаесеттиот век. Во младоста бил вмешан во политичките борби во Германија. Кога бил избран за Келнски надбискуп се обидувал да спроведе ред и мир, и да ја зајакне верската состојба во Германија. Бил убиен од неговите противници, на 7.11.1225 година. По неговата смрт бил прогласен за светец. Му се молат верниците за ред и мир.