Според прелиминарните процени на израелското Министерство за финансии, војната со Хамас во Појасот Газа земјата ќе ја чини 51 милијарда долари, што е еднакво на 10 отсто од бруто домашниот производ на Израел, објави весникот Калкалист.

Весникот посочува дека пресметката се заснова ако војната трае од осум до 12 месеци и ако е ограничена само на Појасот Газа, без акции против либанскиот Хезболах, Иран или Јемен.

Според Калкалист половина од расходите се одбранбени трошоци кои изнесуваат околу 250 милиони долари дневно, а остатокот се однесува на загуба на приходите, компензација за фирмите и за обнова.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич претходно изјави дека Влада подготвува пакет економска помош за погодените од палестинските напади што ќе биде „поголем и поширок“ отколку за време на пандемијата со Ковид-19.

Поради војната, С&П го намали кредитниот рејтинг на Израел на „негативен“, додека Муд и Фич проверуваат рејтингот за евентуално намалување.

фото: ЕПА