Еден дел од пациентите заболени од Ковид-19 доаѓаат доцна в болница, а друг дел починуваат во други услови, но, тоа не е до докторите, изјави вечерва проф. д-р Жарко Караџовски.

– Неспорно е дека имаме висока стапка на смртност од коронавирусот кај нас. Но, анализите за ова ќе се прават по завршувањето на пандемијата во светот, рече Караџовски во интервјуто за ТВ магазин „25 минути“.

Караџовски, како што е познато, е претседател на Комисијата за заразни болести.