Министерството за здравство информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на корона вирусот.

-Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга. Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението на Министерството за здравство.