Пред се како човек, но и како поранешен советник и в.д. градоначалник на Општина Струмица чувствувам должност и обврска да ги повикам моите струмичани на солидарност, која во Струмица секогаш постоела, објави пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Се приклучувам на апелот на премиерот Зоран Заев да сите оние компании кои располагаат со механизација и човечки капацитети, се вклучат и помогнат при самото расчистување на ТЦ Глобал. Секако сите да се солидаризираме и да помогнеме во заживувањето на економијата во самиот Глобал и на луѓето кои лебот го вадат од таму, порачува Костадинов.

Тој натаму во објавата истакнува повеќе препораки:

-Препорачувам општината заедно со советот веднаш да формираат солидарен фонд во кој граѓаните ќе можат да донираат. Согласно капацитетите на општината и законските можности да се помогне на оштетените граѓани и компании. Да се ослободат од плаќање фирмарина оштетените во пожарот, во наредните 2 години. Општината формално правно, да ги ослободи оштетените од закупнина кои ја имаат самите фирми кон општината,до момент на целосно санирање на штетите на самите тезги, локали… Сите ние кои сме ја добиле честа од граѓаните да ги претставуваме, независно дали функцијата е централна или локална, а сме од Струмица први да придонесеме во солидарниот фонд, препорачува Костадинов.

Во П.С. дополнува: Оправданост за свикување итна седница на советот има, добра волја од сите советници исто така убеден сум дека има. Време е за акција.