Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, кој заедно со Гаши, Меџити и Беким Ќоку престојуваат во САД, во интервју за Гласот на Америка го нарече симболично именувањето на Талат Џафери за прв премиер Албанец во Македонија. Тој вели дека за разлика од ДУИ, албанската опозиција ќе има кандидат за претседател, кој ќе ги претставува сите граѓани, објави ТВ 21.

-ДУИ во последниот период се занимава со симболика, ќе имаме прв претседател, претседател на албанскиот парламент, премиер, министри за надворешни работи и за внатрешни работи и којзнае што, но всушност државата не работи и не работи во служба на Албанците како за Македонците. Добра можност е Македонците да покажат дека и тие прифаќаат Албанец да е на чело на државата. Не излегуваме со претседателски кандидат само за да покажеме дека сме во трката, напротив, влегуваме во трката верувајќи дека нашиот кандидат ќе биде подобар од другите кандидати и … Македонија еднаш засекогаш ќе биде подготвена да избере кандидат кој ќе биде подобар не само за Албанците, туку и за сите граѓани“, вели Касами.