Јужноафриканецот Камерон Белами (37) успешно го заврши најдолгото пливање во океан, откако измина 151,7 километри од Барбадос до Санта Лучија за 56 часа и 36 минути.

Рекордерот на својата крајна точка беше пречекан од премиерот на Санта Лучија, Ален Частане.

Белами, кој претходно ги преплива и Ла Манш, како и одредени патеки во Индискиот Океан, на новата цел пристигна во добра здравствена состојба и во добро расположение.

При својот последен подвиг, Белами се хранеше на секој час и пиеше вода на 30 минути, следејќи точно утврден режим, кој вклучува и лосион за заштита на телото од солената вода и од Сонцето. Пливачот користеше и вазелин за да си ги заштити усните и јазикот од солта.

Претходниот рекорд од 124,4 километри го држеше Клои Меккардел, и е поставен пред пет години.