Најмладиот екипаж кинески астронаути утринава замина за кинеската вселенска станица во рамки на вселенската мисија Шенжу-17.

Вселенското летало Шенжу-17, или „Божествен брод“, со тројца патници „тајконаути“ (по кинескиот збор за вселената „тајконг“) полета со ракета „Долг марш-2Ф“ од центарот за лансирање сателити Џијучуен во северозападна Кина, соопшти Кинеската вселенска агенција за мисии со човечки екипаж.

„Тајконаутите“ Танг Хунгбо, Танг Шенџие и Џианг Синлин треба да го заменат екипажот на мисијата Шенжу-16, која е во вселенската станица речиси пет месеци и се подготвува за пристигнување на екипажот на Шенжу-17, што е досега најмладиот екипаж тајконаути од изградбата на кинеската вселенска станица. јт/

Фото: Х