Во последните 24 часа од коронавирусот во Кина починале уште 73 лица, со што вкуниот број на жртви од заразата сега се зголеми на 563, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.

Комисијата додава дека се регистрирани уште 3.694 нови случаи на болеста, па сега бројот на заразени со вирусот изнесува вкупно 38.018 лица, јавија британските медиуми.