Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побрза да ги отфрли шпекулациите дека Герет Бејл може да пристигне во тимот.
Неодамна, излегоа шпекулации дека велшкото крило може да се најде на „Енфилд“. Познато е дека фудбалерот не е сакан од Зинедин Зидан и најверојатно ќе замине.
– Бејл ќе биде исклучително скап за нас, и не можеме да си дозволиме да трошиме луди пари за играчи. Не можеме да си дозволиме да му плаќаме плата што му ја даваат на „Бернабеу“, па затоа не може да дојде кај нас, изјави Клоп за „Скај Спортс“.
Според него, црвениот тим во моментов е навистина добар, а Ливерпул има долгорочен проект за развој.