Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги окарактеризира информациите кои го поврзуваат со тренерскиот пост во Јувентус, како „глупости“.

„Скај Италија“ тврди дека Германецот и менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино се меѓу варијантите на раководството на „бјанконерите“, кое се уште не објавило кој ќе биде наследникот на Масимилијано Алегри.

– Се разбира, Серија „А“ е многу атрактивно првенство, но нема ништо точно во гласините кои ме поврзуваат со Јувентус. Слушнав дека некои новинари зборуваат такви работи, но тоа се глупости. Италија е убава земја. Јас сепак не знам многу за атмосферата за време на натпреварите таму, бидејќи ги гледам дуелите само на телевизија. Понекогаш дури без звук, бидејќи имам интерес единствено кон самите натпревари. Дефинитивно Серија „А“ е атрактивно првенство, изјави Клоп