Страшо АНГЕЛОВСКИ
(Текстов говори за светската војна, поттикнат од случувањата во соседна Србија)
Желбата да се владее со светот веќе со векови е движечка сила за светските моќници. Најпрво се реализирала со лак и стрела, па со меч и копје, со пушка и барут, па се до најсовремените оружја кои постојат во светот.
Но, еден од најопасните и најперфидните начини да се завладее со светот, за прв пат е споменат во “Протоколите на сионските мудреци“, за да подоцна биде прифатен од тогашниот директор на ЦИА (1953-1961), Ален Далес, кој, во својата книга “Доктрина на американската борба против истокот“, од збор до збор, го пренесува планот на “сионските мудреци“ и го посочува како директива за освојување на светот. Па, како сегмент од 24-те протоколи, пишува:
“…Ќе дадеме се’ што имаме, целото злато, целата материјална моќ, за, од луѓето да направиме магариња. Човечкиот мозок и свест се податливи на промени. Ако им посееме хаос во умот, незабележано ќе им подметнеме лажни вредности и ќе ги натераме да ги прифатат. Како? Ќе најдеме свои сојузници и платеници во нивните држави.
Литературата, филмот и театарот ќе ги слават само најниските човекови страсти, па ќе ги поддржуваме оние “уметности“ кои во човековиот ум ќе го всадуваат култот на сексот, насилството, садизмот и предавството, со еден збор – неморалот. Ќе го помагаме деспотизмот на бирократијата, корупцијата и непринципиелноста, а честа и праведноста ќе ги исмеваме како остаток од минатото.
Агресивноста, лагата и измамата, алкохолизмот и наркоманијата, предавството и шовинизмот ќе ги култивираме во умот на луѓето, а оние малкумина кои ова ќе го разберат и ќе се борат, ќе ги исмеваме, клеветиме и ќе ги прогласиме за отпад на општеството.
Ќе ги уриваме духовните вредности, ќе ги вулгаризираме и уништуваме темелите на моралните вредности. На таков начин ќе уништуваме генерација по генерација, ќе ги ловиме луѓето во детството и младоста…“
МОНСТРУОЗНИОТ ПЛАН НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ
Пред да го објаснам нивниот подмолен план, најпрво да објаснам дека либералите се современите американски марксисти, современите американски комунисти.
Сега, одиме по ред.
Долгорочниот план на либералите предвидува, токму преку методите од “Доктрината…“ на Далес, целосно уништување на познатите, традиционални системи на вредности, за да можат да ги заменат со своите извитоперени вредности и така да го завладеат разнебитениот, зомбираниот свет.
Можеби звучи парадоксално, но американските либерали, за да дојдат на власт, бидејќи само од позиција на власт можат да го спроведат својот монструозен план, најпрво го уништија системот на вредности во сопствената држава, во САД. Преку длабоката црква, за која во своето писмо до тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, предупреди и надбискупот на Католичката црква, Карло Марио Вигано, го разнишаа до уривање демохристијанскиот систем на вредности потпрен на бракот, семејството и здравата младина и, преку либералниот капитализам како “извоз на долари“ и деиндустријализација на САД која сега 70 проценти од својот БДП остварува од услуги, а не од производство, го разнишаа до уривање капиталистичкиот систем потпрен на основните столбови – производството, профитот и приватната сопственост.
Така, САД, покрај извозот на долари, стана најголем “извозник“ на неморал, на искривени вредности и на се’ она за што се залагал Далес во својата “Доктрина…“, неговите сојузници од Евроатлантската заедница веќе најинтензивно, до ниво на загрозеност на целиот општествен организам, се инфицирани од американскиот “извоз“, па државите од ЕУ се вторите во кои е уништен традиционалниот систем на вредности, оној на Моцарт, на Бетовен, на Балзак, на Иго, на Кундера…
Но, според апетитите на либералите (американските марксисти) треба да бидат уништени сите големи постоечки системи на традиционални вредности и празнината да биде исполнета со делови од нивните вредности чиј систем е хаосот, како одраз од скршени парчиња огледало.
На почетокот, преку една од првите обоени револуции, онаа на плоштадот Тјенанмен во Пекинг во 1989 година, требаше да биде урнат милениумскиот систем на традиционални вредности кој се негува во Кина, да се инсталираат неморалот, корупцијата, агресивноста, наркоманијата и сите останати најниски страсти, после што, Кина ќе беше лесен плен за либералните “јастреби“. Заради неуспешната обоена револуција и сочуваниот систем на традиционални вредности, Кина е денес можеби и најмоќната држава во светот и, повторно е цел на либералните “јастреби“.
Потоа следуваа “револуциите“ во европските комунистички држави, при што водени од идејата за “либерална демократија“, европските посткомунистички држави, советскиот комунизам и комунистички систем на вредности, го заменија со либерализам (американски комунизам) и либералните “вредности“. Притоа, дојде до распад на СССР што ќе доведеше до распад и на Руската Федерација доколку по доаѓањето на Путин на власт, празнината настаната со пропаста на комунистичкиот систем на вредности (какви и да беа, што не е тема на текстов), не беше пополнета со православниот систем на традиционални вредности. Токму оној на кој припаѓаме и ние Македонците, а кој либералите сакаат да го уништат и на негово место да ги инсталираат “вредностите“ на неморал, корупција, наркоманија… Едно од оружјата во нивните раце е и испоставата на ЦИА во Турција, грчката црква на Вартоломеј, која во соработка со длабоката црква во САД, работи на уништување на вистинските православни вредности, преку примерите на Украинската и Македонската Православна Црква.
Во меѓувреме, либералите (американските марксисти) го создадоа радикалниот ислам, за да го компромитираат како агресивен и уништувачки системот на вредности на традиционалниот ислам, да ги уништат неговите благородни вредности и да ги инсталираат своите “вредности“ на неморал, корупција, агресивност, наркоманија и алкохолизам… Заради тоа ја изведоа и првата “обоена револуција“ во Иран во 1953 и сите останати воени агресии токму против исламските држави.
ЛИБЕРАЛНИ “ВРЕДНОСТИ“
Накратко, системите на традиционални вредности на брак меѓу маж и жена, на воспитани и образовани деца, на мажи подготвени да ја бранат татковината, на емпатија и ненасилство, на љубов кон ближниот свој, на…треба да бидат уништени и на нивно место, американските марксисти да ги инсталираат своите либерални “вредности“. А, тоа се:
Преку стандардите на НАТО – укинување на можноста младите момчиња да служат редовен воен рок, да растат од момчиња во мажи, да го креваат секое утро знамето на татковината и да го негуваат патриотизмот. На нивно место – приватни војски и платеници;
Преку “Болоња“ методот – укинување на воспитната компонента во сега веќе квазиобразованието и уништување на цели генерации кои не ќе знаат да чекорат низ животот;
Преку ЛГБТИ движењето – негирање на природниот пол, уништување на традиционалното семејство како столб на секое здраво општество;
Преку постојаната медиумска промоција на антихерои, насилници и луѓе од општественото дно – всадување на погрешни морални вредности кај младите…
Така што, светот е веќе длабоко навлезен во Третата светска војна – од една страна евроатлантската заедница на САД и ЕУ, предводена од либералите (американските марксисти) и нивните “вредности“ и, од друга, државите кои полека но сигурно се обединуваат токму во борбата против ова зло, државите со традиционални системи на вредности како Русија, Кина, Иран…
Токму заради тоа, народите во светот имаат обврска да му помогнат на американскиот народ да се извлече од либералните канџи на неморалот, агресивноста, наркоманијата, неприродноста и да си ја врати државата кон традиционалните вредности, со што и државите членки на ЕУ ќе го сторат истото, доколку сакаме веќе постојната светска војна да не влезе во својата завршна фаза, фаза на нуклеарно самоуништување. Само така наместо воена, економска, политичка или не знам каква, ќе се воспостави вистинска мултиполарност на системи на вредности кои ќе го гарантираат опстанокот на човештвото.
Нека ни е честит Денот на победата над фашизмот!!!
(авторот е претседател на МААК)