Јованка КЕПЕСКА

Отсуството на приод кон прашањата за нацијата, нејзиниот однос кон државата но со малцинствата во претходниот период оптоварен со сфаќањето дека сé е во класното, доведе до дезориентација во нашата свест. Дури и до 1980 тите години изостануваше споменувањето на националното. Јасно дека тоа се отсликуваше на отсуството на релевантниот теоретски пристап кон нацијата кој остануваше во рамките на историскиот материјализам и онтологискичко застапување. Нешто што пак се замести со теоријата на западниот позитивизам, сведен на право, но не и на теорија за односот народ и нација, а оттаму и за односот на нацијата и националните малцинства. Токму таквата состојба ја отежна политичката ориентација при суштествени политички одлуки, сведувајќи ги на правни, по осамостојувањето на Македонија. По инерција се конципира Рамковниот договор како компромисен, но не и како теориски издржан до крај одговор за разрешување на меѓуетничките релации.

Во Хрватска постоеше добро јадро во кое беше развиена, пред сé во рамките на филозофијата, врз најдлабоките европски филозофски корени. Оттаму и извршеното влијание во јавната мисла за третманот на хрватската нација што придонесе и за уставните решенија и не само како правни решенија, туку и како општествен концепт. Оттаму уставните решенија како правни изкази се засновуваат врз теоретски пристап за нацијата која е политичка заедница на народот не само како демос туку и како етнос. Пристап кој е прифатен и во европски рамки и релевантен. И нешто што е потребно да се следи во денешната ситуација кај нас.

Она што може да ни помогне е и сфаќањето на нацијата со оглед на дијалектичкиот пристап, а тоа е дека нацијата го подигнува развојот на народот, сеопшто, развивајќи ја културата, за да го подигне преку науката, образованието, уметноста во политички облик во кој опстојува во таа фаза, на повисоко ниво и со оглед на техничко-технолошките средства. Ослободувајќи го и дефинитивно и од политичката форма преку заедницата каква што програмски станува ЕУ претворајќи се во заедница на народите преку пренесувањето на државните суверенитети,отварање на границите и на многу други работи меѓу кои и признавањето на културни права на етничките малзинства. Со гордост да се потсетиме на визионерскиот став на Гоце Делчев, антиципирајќи ја иднината, дека светот го разбира како поле за културен натпревар на народите.

Мора да се избегне опасноста во последниве расправи да се афирмираат ставовите на правниот позитивизам за што е доказ и формално-правниот приказ од потребата на приклучувањето меѓу другите наброени етнички заедници (термин што не постои во европска употреба) во Преамбулата на нашиот Устав од страна на некои политички субјекти. Односно како став произлезен од т. н. Француски предлог за промена на Уставот, крајно оперативно и занемарувајќи ги суштинските основи на македонската нација.

Оправдано е затоа повикувањето на хрватскиот Устав поради пристапот кој е според правните акти на ЕУ за релациите на нацијата и националните мамалцинства, врз најзначајните европски теоретски поставки, поставен концепт за денешното уредено и безконфликтно живеење.

Оттаму колку што е потребно да се избегне политичкиот прагматизам, толку е потребно да се избегне и правниот позитивизам, занемарувајќи ја теоретската основа, во актуелниот момент на организацијата на нашето општество според

концепт кој би се искажал во Уставот на Македонија.

Во овој момент најважно е при расправата дефинитивно да бидеме ослободени од стегите кои сме ги чувствувале кога се однесувало на прашањата од национален карактер во комунистичкиот период и да ги поставиме работите во вистински ред. А токму од тоа зависи нашиот напредок па и мир во општеството. Иако, како и денес, за прашањата како да се говори со калкулација која произлегува од политичките односи во моментов. Па и недоволно реално се претставува и хрватскиот концепт сведувајќи го на историскиот приод кон државата. А тој е приод за актуелната хрватска држава кој го покажува суверенитетот на хрватскиот народ и со оглед на хрватскиот јазик, историјата и културата. При негување на културите на малцинствата.