Страшо АНГЕЛОВСКИ

Дека самопрогласената “меѓународна заедница“, позната како “заедница на споделени евроатлантски вредности“, како “слободен свет“, како “чувар на демократијата“, како “жесток противник на авторитарните режими“, како “елитен цивилизациски клуб“, предводена од САД, која, за волја на вистината, претставува едвај 14 проценти од светската популација, е една од најголемите измами на 21 век и злоупотреба на послабите и немоќните за остварување глобални цели и себични интереси од страна на длабоката држава на САД, веќе му станува јасно на мнозинството на планетава.

Ваквата “меѓународна заедница“ ја пропагираат уште само инсталираните политичари, скапо платените новинари и, во долари затрупаните (не)владини организации формирани токму за таа цел, а, во нејзе “веруваат“ единствено оние кои од своето “вјерују“ очекуваат само лична корист и, лесноверните, кои сонуваат за поубав и побогат живот.

Како се формира, како функционира, со кои методи се служи “меѓународната заедница“, преку примерите на сектата и култот.

ШТО Е “СЕКТА“, А ШТО “КУЛТ“?

Зборот секта доаѓа од латинскиот збор “sequi“, што значи “да следиш нечии начела“. Денес овој термин се користи во контекст на деструктивна група, синоним за нешто мрачно и зло.

Најновата дефиниција вели дека секта е секоја социјална група која, без оглед на начинот на регистрација, формата на организирање и бројот на членови, врши измамничка злоупотреба, манипулирајќи со знаењето или незнаењето или со состојбата на слабост на поединецот, предизвикувајќи кај него последици.

Според Жарко Бјелајац, професор од Нови Сад, деструктивната секта е латентен извор за загрозување на безбедноста и претставува група која:

-на некоја идеја, појава или предмет им придава преголемо значење и почит, што претставува основа за зачувување на постулатот за кој се залага;

– користи разни методи и програми на промена и креирање на мислењето за да ги убеди членовите да ја прифатат идејата на групата, за да може да управува со нив и да ги обединува со определена доктрина;

– кај членовите на групата систематски создава психолошка зависност, користејќи специфични техники за “контрола на умот“;

– ги искористува членовите заради интересот на водачот (лидерот) и афирмација на воспоставената доктрина…

Зборот култ, пак, доаѓа од латински “cultus“, облик од глаголот “colere“, што значи “да го славиш“, “да даваш почест на некое божество“.

Во Конгресот на државата Мериленд во САД, во седумдесеттите години од минатиот век е дадена дефиниција за култ која вели дека тоа е група или движење, претерано посветено на водачот или идејата, која користи неетички манипулаторски техники на перење на мозокот, за да го насочи членството на поефикасно остварување на целите на својот лидер. Во секој случај, тоа се групи со екстремистички цели и идеи каде што верувањето е само средство за постигнување фанатизам во остварување на конкретни цели зададени од “лидерот“.

ШТО Е ЗАЕДНИЧКО ЗА СЕКТАТА, КУЛТОТ И “МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА“?

Бидејќи се’ погоре наведено како карактеристики на сектата и култот, околу “следењето на нечии начела“; околу користењето неетички манипулаторски техники за перење на мозокот; околу методите и програмите за промена и креирање на мислењето за да ги убеди членовите да ја прифатат идејата и да може да управува со нив; околу искористување на членовите заради интересот на водачот… го среќаваме и кај самопрогласената “меѓународна заедница“ предводена од САД, можеме да подвлечеме равенка на еднаквост.

Според тоа, сектата, култот и самопрогласената “меѓународна заедница“ ги имаат следните заеднички деструктивни карактеристики:

– имаат авторитарно водство кое бара да биде славено и да се следат неговите начела; (да се следи САД)

– предводени се од психопати и зли луѓе; (премногу за да се набројат)

– користат техника за “контрола на умот“ и средства за измама; (медиуми и (не)владини организации)

– користат разни “трикови“ за регрутирање членови: брза и лесна заработка, поквалитетни меѓучовечки односи, проширување на животните видици, групни сесии со авторитетот, патувања, комуникации… (големи инвестиции, бесплатно здравство, мед и млеко)

– имаат широка лепеза на “регрутери“ кои се многу убедливи (изложени на исти техники на контрола и перење на умот) и навистина веруваат во она што го нудат; (сите корумпирани еврократи)

– практикуваат посебни дејствија – обреди, церемонии… (ЕУ и Западен Балкан; ЕУ за тебе…)

– на членовите им го регулираат секојдневниот живот; (задолжителни ЕУ стандарди и (не)морални норми)

– им се обраќаат на маргинализирани, посебно изложени и ранливи групи, каде постои поголема веројатност за успех во “перење на мозокот“, односно, замрзнување на стариот и создавање нов идентитет; (ЛГБТИ стратегија…)

– никогаш не ја информираат својата потенцијална жртва за своите вистински цели; (а вистината ја прогласуваат за “теорија на заговор“)

– на крајот, се’ станува илузија, бидејќи залудно се обидуваат да ги наметнат псевдовредностите како прави, вистински вредности. (очекувана разврска)

КРАЈОТ НА ДЕСТРУКТИВНИТЕ “МОНСТРУМИ“

Ќе наведам неколку примери за крајот на овие монструозни, деструктивни творби:

1. Сектата “Давидови адвентисти“ од Тексас, чиј водач Вернон Вејн Ховел, си’ се сметал за ангел и Исус, а илегално тргувал со алкохол, дрога, експлозиви, оружје и тутун, на крајот го пали Давидовиот ранч во Тексас каде што била сместена сектата. Со себе поведува во смрт со самоубиства и убиства 54 возрасни и 21 дете.

2. Сектата “Храмот на нациите“, која во 1978 година од САД се преселила во Гвајана, ја предводел Џим Џонс, кого членовите го викале “татко“, потоа се опишувал себе си’ како Христос, а на крај тврдел дека е Бог. Од надвор се’ изгледало нормално, но внатре се претворило во култ. Членовите се заколнале на нивна посветеност на Џонс, му ги заложиле нивните имоти и пари, а некои дури му потпишале и старателство над нивните деца.

И, да не должам, кога дел од членовите се освестиле и сакале да ја напуштат сектата, Џонс дал наредба за масовно самоубиство. Членовите најпрво на сопствените деца им дале калиум цијанид за да ги усмртат, а потоа се самоубиле. Така, лудоста на “водачот“ одвела во смрт 909 луѓе, од кои 276 деца.

3. Денес, државите членки на “меѓународната заедница“, посебно државите од ЕУ, по наредба на “водачот“ кој себе си’ се доживува како “Богот од Давос“, принудени “да ги следат неговите начела“, наместо да се заложат за дипломатија, трупаат оружје и го водат светот кон нуклеарна катастрофа; свесно, заради интересите на “водачот“, создаваат енергетска и финансиска криза и рецесија во сопствените држави; му ги заложуваат сопствените имоти и финансии и, преку се’ поагресивните ЛГБТИ (не)морални стандарди, му одобруваат негово владеење со нивните деца и, за жал, само чекаат кога, во својата лудост, ќе ги повика да го употребат калиум цијанидот за нив, а потоа и самите да заминат во “смрт“. Се разбира фигуративно, како смрт на сопствените држави, нации и семејства, кои беспоговорно ги извршуваат наредбите на “водачот“.

Така завршуваат монструозните творби, оние кои со контрола на умот и средства за измама сакаат да владеат. Зашто, на крајот, се’ станува илузија, бидејќи залудно се обидуваат да ги наметнат псевдовредностите како прави, вистински вредности.

(авоторт е претседател на МААК)