Маја ПЛАТНАР
Добриот сон е неверојатно важен за вашето целокупно здравје.
Може да го намали ризикот од развој на одредени хронични болести, да го одржува нашиот мозок здрав и да го зајакне имунолошкиот систем.
Генерално се препорачува да спиеме околу 7 часа непрекинато секоја вечер.
Клучен играч во телото поврзан со нашиот деноноќен ритам е мелатонинот. Мелатонин е хормон кој генерално се лачи во текот на ноќта, кој го поттикнува спиењето и помага во регулирањето на нашиот внатрешен часовник.
Појавата за тоа како исхраната влијае на нашиот деноноќен ритам е позната како хрононутриција. Истражувањата покажаа дека нередовното јадење може да го отфрли нашиот внатрешен часовник од синхронизација, што пак го намалува квалитетот и времетраењето на нашиот сон. Целта да се јаде во повеќе или помалку исто време секој ден помага да се синхронизира нашиот циклус сон-будење и е една од стратегиите за да се чувствуваме помалку уморни. Не е добро да си легнете со полн стомак. Гледајте последниот оброк да ви е до три часа пред легнување. Сепак, ова важи за секоја храна, освен за живата храна.
А зошто е тоа така?
Секој оброк кој се состои од готвена храна или комбинација од готвена и свежа храна ни троши до два часа од нашата енергија за да се свари. Секој жив оброк пак се вари само 15 минути, а се разградува полека низ телото. Значи ние не сме потрошиле енергија, а сме долго сити и задоволни си легнуваме.
Токму затоа најзначајно е да јадеме балансирани оброци, составени од трите најважни нутритиенти, а тоа се протеините, јаглехидратите и мастите, што во суштина е секој сиров оброк.
Протеини
Протеините играат клучна улога за добар сон бидејќи преку нив се снабдуваме со амино киселината наречена триптофан. Триптофанот е клучен за производство на мелатонин, хормонот за кој пишувам погоре. Ова значи дека нашата вечера треба да е протеинска, а главен извор на триптофан се индиските ореви, семки од тиква, семките од сончоглед, грав, зелен зеленчук и печурки. Затоа вечерите во Здраво Живо секогаш се или зеленчукови крем супи со индиски ореви или крекери од семиња со патиња од зеленчуци и семиња.
Јаглехидрати
Јаглехидратите се извор на енергија за телото и помагаат триптофанот полесно да стигне до нашиот мозок. Можеме да ги поделиме во две категории:
• Побавно варење – побавно се разградуваат бидејќи имаат повеќе влакна и помалку се обработуваат. На пример, цело зрнести житарки, сирово овошје и зеленчук. Причина плус е дека станува збор за нерафинирана, индустриски необработена храна
• Побрзо варење – побрзо се распаѓаат бидејќи имаат помалку влакна. Станува збор за рафинирана храна, сиромашна со нутритивни состојки.
Знаејќи ги овие податоци сами треба да одбереме да јадеме храна која ќе ни даде енергија, но и блиски до сонот да јдеме храна која брзо се разградува.
Масти
Постојат разни видови масти и мора да знаеме факти за нив за да знаеме кои се добри за нас, а кои не.
Заситените масти највеќе ги има во производи од животинско потекло, во кокосовото и палминото масло.
Омега-3 мастите, пак, се друг вид масти и се наоѓаат главно во семето чиа, лененото семе, семето од коноп, семките од тиква и јатките.
Студиите сугерираат дека поголемото внесување на заситени масти е поврзано со тешкотии при заспивање, додека омега-3 го подобруваат квалитетот на сонот.
Токму затоа ние
• Додаваме чиа, лен или семе од коноп во смудијата, во доручеците, во десертите.
• Препорачуваме грст јатки во текот на денот, се разбира, живи.
Исклучувањето на храната наведена погоре што го нарушува циклусот на спиење е најдоброто место за почеток. Од суштинско значење е да се осигураме дека јадеме храна што го поддржува здравјето.
Вклучете повеќе сирова храна во вашата исхрана!
Започнете го утрото со чаша вода, а потоа смуди!
Што уште може да направиме за да го подобрам мојот сон?
Нека вашиот простор за спиење е спокоен. Што помалку или воопшто без електроника. Спалната соба нека ви служи за спиење или водење љубов. Со тоа секако ќе ви се подобри хигиената на сонот.
Хигиената на сонот е процес на воспоставување и смирувачка рутина пред спиење. Размислете да додадете 4 капки есенцијално масло од лаванда за да се подобра релаксација, спокојство и добро расположение.