Мртов ладен изјави Заев на конвенцијата која Социјалдемократскиот сојуз ја одржа во неделата. Да, да ќе имало 0 толеранција за неодговорност и корупција, чиниш не се на власт 3 години туку се опозиција па кога ќе дојдат на власт немало да толерираат неодговорност и корупција. Или пак според него беше шо беше во овие три години и сега пу пу не важи, ќе почнат од ново и одговорно ќе се однесуваат, можеби одлукава ја донел после подолги консултации со своите советници дека рекететирале шо рекетирале, собрале брдо пари од сомнителни тендери што собрале и сега веќе им е доста па ќе може да се фатат за метла и да поработат малку.

Фино што се обврза на тоа пред своите сопартијци и што прати такви пораки до граѓаните на Република Македонија ама некако не знам како некој би го сфатил сериозно кога во време на неговото владеење се случија еден куп афери од кои можеби најголема е аферата „Рекет“ во која освен вмешани високи функционери на СДСМ утврдено е дека рекетирала неговата омилена специјална обвинителка Катица Јанева, истата таа која од петни жили ја бранеше и не даваше да биде сменета, она што никако Вилма не може да открие е за кого рекетирала и кај се парите.

Како тоа рекетирање да не беше доволно се обелодени уште еден скандал овој пат со Ден Дончев и Венко Филипче во главните улоги. Колку што гледам и после два месеци влакно од главите не им фали, веројатно сумата од 11, 5 милиони Евра е во рамките на толеранцијата за неодговорност и корупција.

Исто така Филипче навистина нема потреба да сноси одговорност за сомнителниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси од околу 35 милиони Евра кој го поништи и кој е предмет на истрага на Обвинителството. Нормлано не треба да одговара ни за уништениот инсулин со валиден рок на траење во вредност од околу 1,5 милиони Евра, за кој исто така се заинтересира Обвинителството.

Рашковски сè уште е Генерален секретар на Владата иако и за неговиот случај за местење на тендери за набавка на радари за кој Обвинителството отвори случај и не само што уште е на функција туку и пак е вклучен во скандал со сомнителен тендер овој пат на медицински хеликоптери при што дадоа 72 милиони евра на фирмата Сархемс која била формирана само 24 часа пред објавувањето на огласот без искуство во областа.

Тука се и Анѓушев, па и Заев со аферата Те-То, вредна само 200 милиони Евра.Фирмулево од прво на листата по остварена добивка од 120 милиони Евра во 2018 година за жал морало да оди во стечај исто така во 2018 година, па од пуста жал за стечајот ѝ е отпишан долг од 28 милиони Евра кон Топлификација и Владата ѝ го простила данокот на добивка кон УЈП од околу 20 милиони Евра.  Тоа што причината за стечај е продажбата на струја по неповолно ниска цена на компанијата на Анѓушев – ЕДС е чиста случајност.

Успешен пример за 0 толеранција за неодговорност и корупција е градоначалникот на Ново Село, Боро Малборо кој го осудија дури 6 месеци, а излезе од затвор после 5 месеци бидејќи добро се однесувал.

Курто Дудуш претпоставувам нема потреба да понесе одговорност затоа што ќотекот од рајот излегол.

Навистина Заев има праг од 0 толеранција кон неодговорност и криминал, не знам зошто не би му верувале дека така ќе продолжи.

Мартина Басарова Ѓеровска