Најмладите учеснички на Илинденскиот марш во Мавровско-Горнореканската коњаница се девојчиња на возраст од 13 и 15 години, а се работи за Андреа Данаиловска од село Зубовце и Матеја Ѓорѓиоска од Кичево, објави Нова Македонија.

– Имам 13 години и од својата петта година јавам коњ, бидејќи во моето село Зубовце секогаш имавме коњ. Бидејќи со дел од коњаниците добро се познавам и не беше воопшто проблем да се одлучам годинава за првпат да учествувам на Илинденскиот марш. Добредојдено е присуството и на Матеја Ѓорѓиоска, која од лани има искуство, бидејќи учествуваше на Илинденскиот марш, вели најмладата учесничка Андреа Данаиловска.

Втората „комитка“ Матеја Ѓорѓиоска и годинава одлучи учествува на Илинденскиот марш.

– Откако сѐ помина во најдобар ред лани и годинава решив да бидам дел од коњаницата за Илинденскиот марш, а одлуката ми ја олесни и тоа што со нас ќе има уште едно девојче. Очекувам во сите етапи до Илинден во Крушево да помине според планираното и да почнам да размислувам за учество во коњаницата и во наредните години, вели Ѓорѓиоска.

Среќно на Матеја и и Андреа и сите коњаници кои маршираат кон Мечкин Камен.

Целиот текст може да го прочитате во Нова Македонија.