Белгија го затвори воздушниот простор поради компјутерски проблем, информира белгискиот орган за контрола на воздушниот сообраќај.

Авионите не можат да прелетуваат над Белгија кратко време по 16 часот ( 14 часот по Гринич).

– Некои авиони остануваат на земја, а други беа принудени да се приземјат, вели Ален Ниебс, портпарол на Белгоконтрол.

Сообраќајот над Белгија ќе биде обновен, кога ќе биде отстранет проблемот поврзан со системот за податоци и читањето на податоците за летот. Повеќе детали не се соопштуваат.