Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-27 го заврши настапот на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Македонската репрезентација по двата порази и денешната победа, заврши како третпласирана во група А.

Со оваа победа, Македонија обезбеди место во првиот шешир за баражот за СП. Нашата репрезентација ќе биде носител во мундијалскиот бараж.