Конвој автомобили украсени со американски знамиња и натписи кои го промовираат Доналд Трамп денеска го помина патот од Тел Авив кон Ерусалим.

Пред амбасадата на САД се одржа собир, со кој беше изразена поддршка за американскиот претседател на претстојните избори.

Поворката од дваесетина возила беше организирана од републиканците во Израел.