Фирмата Арбериа дизајн се појави и денеска во Прилеп за да ја собере бината од свечената церемонија на која се означи поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10-д.

Таа беше дел и од организацијата на свеченоста за почеток на изградба на автопат од Коридорот 8 која се одржа на 4 април во Тетово. Арбериа дизајн ја немаше на Електронскиот систем за јавни набавки како добитник на тендер за организација на настанот на патарината кај Тетово, а ја нема ниту сега, објави 360 Степени.

Порталот 360 Степени тогаш праша, но не доби одговор од Владата која фирма беше организатор и за колку пари била ангажирана.

Новинарите се обидоа одговор за организацијата на настанот да добијат и од премиерот Димитар Ковачевски, но рече дека во тој период не бил во земјава и ги упати медиумите одговори да бараат од Груби.

Ковачевски со одговор „не бев овде“ на прашањето – како Арбериа дизајн ја добила организацијата на свеченоста за Коридорот 8.

По осум дена од свечената церемонија за означување на почетокот на изградбата на Коридорот 8, конечно стигна одговор на прашањето кој платил за настанот.

Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д, на брифинг со новинарите посочи дека свеченоста ја платил изведувачот, во случајот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.