Нови 9 случаи на заразени од корона во Штип, седум се текстилни работнички-потврдија денес од штипскиот Центар за јавно здравје, објавува ТВ Алфа.

Со новите, бројот на инфицирани се искачи на 17. Сите се од иста конфекција. Но денешните бројки не се совпагаат со официјалните податоци кои ги објави министерството за здравство. Според нив во штип има само 4 новозаболени. Различните бројки се должат на пресекот што го прават во текот на денот. Во мегувреме над стотина текстилни работнички се во самоизолација. Од нив, над дваесетина се од соседната општина Карбинци. Се очекува овој број и понатаму да расте. Утврдено е дека со ист автобус се превезувале работнички од три конфекции.

Опозицијата побара најитно прогласување на кризна состојба во градот. Според нив новонастанатата состојба се должи на одлуки на власта кои се апсурдни. Од една страна велат тие, се забранува превоз на повеќе од три лица во автомобил, а од друга страна не го регулираат превозот на работниците.

И штипските епидемиолози алармираат дека по укинувањето на полицискиот час во државата вчера и денес низ Штип е забележана поголема раздвиженост. Неофицијално рекоа дека ќе побарат евентуално воведување на порестриктивни мерки во градот.