Во изминатите 24 часа во Индија се ртегистрирани 1.486 бовозаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи над 20.000 луѓе.

Индиското Министерство за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие починаче 49 луѓе, со што вкупната бројката на смртни случаи изнесува 681.

Најголем број на новозаразени е регистриран во понеденикот,кога беа пријавени повеќе од 1.500.

Македонија, пак, со два милиона жители или 650 пати помалку население од Индија со 1,3 милијарди, има 1.259 заразени со коронавирус. Индија е и сосед на Кина од каде што почна пандемијата на Ковид-19.