Кошаркарот, Кајл Корвер одлучи да стави крај на играчката кариера по поминати 17 сезони во НБА-лигата.
Четириесетгодишниот Американец сега ќе се занимава со тренерската работа. Според инсајдерот Шамс Чаранија, тој ќе биде дел од стручниот штаб на Стив Неш во Бруклин.
За потсетување, последниот клуб на Корвер беше Милвоки, за кој играше во сезоната 2019/20.
Пред Милвоки, Корвер беше член и на: Јута, Кливленд, Атланта, Чикаго и Филаделфија.