Според информациите објавени во голем број српски медиуми многу скоро ќе уследи смена на тренерската клупа на Црвена ѕвезда, а нов стратег на кошаркарите на белградскиот клуб ќе биде црногорскиот стратег Душко Ивановиќ.

Како играч Ивановиќ своите најуспешни години ги мина во дресот на сплитска Југопластика, додека во долгата тренерска кариера најголема трага остави во шпанска Басконија која со неколку прекини ја водеше од 2000 година до лани.

Црвена ѕвезда по тренерската палка на Влада Јовановиќ лошо ја отвори сезоната и во Евролигата е на последното место со една победа и шест порази.

Според медиумите, неговиот наследник Ивановиќ ќе потпише договор со крајот на сезоната 2023.24.