Кошаркарите на Феникс 2010 ја прекинаа серијата од осум победи по ред на МЗТ Скопје Аеродром, по вчерашната победа од 90:83 во рамките на 10-то коло во Првата машка кошаркарска лига.

Во СЦ „Јане Сандански“ се одиграа две израмнети четвртини со што победникот беше добиен по дополнителните пет минути.

Екипата на Гостивар, пак, претрпе пораз во Битола со 101:76. Со оваа, последователна десетта победа, Пелистер остануваат на првото место на табелата.

Во сабота и недела се одигруваат преостанатите натпревари од 10-то коло и тоа:

САБОТА:

17:30 Кожув – Ангели

18:00 Еуро Никел 2005 – Работнички

НЕДЕЛА:

18:00 Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

19:00 Навико Академија ФМП – ТФТ .