Наташа КОТЛАР

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ е апотеоза на вековната македонска борба за слобода и за државност! Затоа за нас Македонците, навредливо звучи веста дека следниот петок (4 февруари) Македонија и Бугарија заеднички ќе ја одбележат 150-годиншнината од раѓањето на Гоце Делчев!

Ќе го чествуваат македонскиот револуционер, кој е изразител на македонската национална борба!?

Зар власта на „Северна“ Македонија од бугарската држава доби признание за постоењето на македонскиот народ и неговата посебна историја, зар таа соседна држава се откажа од фикцијата – Санстефанска Бугарија, со претензија кон сè што е македонско – земја, народ, јазик, култура и го топори за бугарско – за да ова заедничко чествување се случи!

Се извини ли Бугарија за тоа што нејзината фашистичка власт предизвика огромни жртви на македонскиот народ и на македонските Евреи за време на Втората светска војна, се извини за асиметричноста на Договорот за добрососедство (2017), итн.! Што ќе одбележува Бугарија со ова топорење..!?

Што направил Г. Делчев како бугарско-егзархиски поданик во османлиската држава за кнежевскиот сакскобурготски двор, влада, собрание…!? Ништо!

Но, затоа бил бескомпромисен борец против наброениве и врховизмот што го поддржувале и неговите акции во Македонија како османлиска област.

Затоа Делчев постојано говорел: „Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!“

Идејното и револуционерното делото на Гоце Делчев се патоводна ѕвезда на повеќе македонски поколенија за слобода. Затоа ние Македонците го чествуваме неговото раѓање и револуционерно наследство!