Наташа КОТЛАР

Таче: “Факти и наука”!? Грохотом…!

Липам од солзи, плачам и се смеам! А, бре премиеру недоделкан, три-четворица по вокација историчари во т.н. Комисија имаат поим и влијание во науката, исто како, некогаш, селските шизици седнати пред селска задруга со шише пиво в рака! Ако, ви се погодени, земете си ги за по дома, за “факти и наука”!

Вие Таче, како и вашиот духовен и практичен ментор, З.З. Чушкаров треба да знаете дека, наука со Комисисти не се прави! Ова го знаат “б’лгарчета” и затоа е Договорот за (не)добрососедство таков, според нивната препредена намера. Ама, требаше, а и сега треба, “три чуки” в глава да се има!

Науката е дејност која се создава, гради и развива преку соодветни институции-научни институти, факултети, МАНУ (во случајов) работејќи само и само врз основите на научната кауза. Вашата Комисија тоа не го прави, едноставно не може!

Во нашиов случај, од 2 Август 1944 г. (АСНОМ) се поставени основите на научната заедница и дејност во Македонија, што значи скоро 8 децении, така се работи. Комисијата и комисистите, немаат ништо заедничко со научната и професионалната дејност, тие се само рецидив на несамостојно и полтронско, неучено и долно однесување и (квази)политика на луѓе што се вообразиле како политичари! Затоа, доста со глупостите, немојте да мислите дека ние ви ги прифаќаме!

(Реакцијата на Котлар доаѓа по изјавата на Ковачевски дека Историската комисија немала влијание врз политиката и одлучувала врз база на факти и наука)