Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународна комуникација во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервју за телевизијата „Ехо“, Ковач рече дека постапката за давање азил на Груевски не е политичко, туку правно прашање.

– Но, Европскиот парламент, кој нема никаква врска со тој процес, сака да го гледа како политичко прашање. Мнозинството европратеници гласаа за Резолуцијата иако немаат никаква врска со случајот со Груевски, изјави Ковач.

Според него, ЕП „го пика носот каде што не му е место“. Најголемиот грев на Груевски, вели Ковач, е што изградил ограда и ја бранел Европа од тероризмот и мигрантите.

Европскиот парламент вчера во усвоениот извештај за Македонија побара од Унгарија да го екстрадира Никола Груевски. ЕП официјално зазеде став дека „Будимпешта не треба да му одобри азил на Груевски, кој побегна со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна, бидејќи тој чин претставува мешање во внатрешните работи на Македонија