Предлогот Република Илинденска Македонија не изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран. Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот, изјави за МИА бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

За бугарскиот европратеник, најприфатливо име би било Република Македонија (Скопје), со оглед дека е јасно грчкото барање за географска или временска одредница.

Тој вели дека доколку со предлогот Република Илинденска Македонија „се мисли на оној вториот, комунистичкиот Илинден, односно АСНОМ, не сме баш многу среќни“, истакна бугарскиот европратеник.